• петок, 09 август 2024

Тен Хаг со сериозни проблеми уште пред почетокот на сезоната

Тен Хаг со сериозни проблеми уште пред почетокот на сезоната

Манчестер, 8 август 2024 (МИА) - Сериозна криза го погоди Манчестер Јунајтед уште пред да започне сезоната во Премиер лигата. Викендов официјално започнува фудбалската кампања во Премиерлигата, која ќе биде официјализирана со дуелот за Комјунити Шилд помеѓу екипите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.

За натпреварот в недела, на „црвените ѓаволи“ им преостануваат само тројца здрави одбранбени играчи, а најверојатно менаџерот на тимот, Ерик Тен Хаг, ќе мора да преквалификува една од своите ѕвезди за мечот против „граѓаните“.

Новото засилување Лени Јоро имаше несреќа да се повреди за време на турнејата на тимот низ САД и по операцијата ќе биде надвор од терените најмалку три месеци.

Единствените целосно фит дефанзивци за Јунајтед во моментов се Диого Далот, Лисандро Мартинез и Џони Еванс.

Хари Мегваер има проблеми со повреди, како и Виктор Линделоф. Арон Ван-Бисака и Лук Шо одиграле само еден натпревар од февруари и најверојатно нема да ризикува да ги пушти на теренот викендов. дс

Фото: Архива

Остани поврзан