• недела, 22 декември 2024

Тен Хаг призна: Се обидовме да го доведеме Хари Кејн во Манчестер Јунајтед

Тен Хаг призна: Се обидовме да го доведеме Хари Кејн во Манчестер Јунајтед

Манчестер, 3 мај 2024 (МИА) - Манчестер Јунајтед се обиде да го ангажира Хари Кејн од Тотенхем минатото лето, призна менаџерот Ерик тен Хаг. Сепак, договор не беше постигнат, а подоцна напаѓачот се пресели во Баерн Минхен.

Информации за взаемниот интерес меѓу Кејн и клубот од „Олд Трафорд“ имаше и по завршувањето на сезоната 2022/23. Сега Тен Хаг го потврди тоа.

-Во последната деценија и конкретно во актуелниот период не секогаш успеваме да ги добиеме играчите кои ги сакаме. Моравме да направиме избор, на пример, за талент како Расмус Хојлунд. Има напаѓач (како Хари Кејн) кој веќе се докажа и го сакавме, но не успеавме да го добиеме. Потоа се свртевме кон Расмус. Да, знаеме дека Кејн ти гарантира 30 гола. Но, мислам дека и Хојлунд ќе го достигне своето ниво, но му треба време. Не е фер да ги споредуваме. Никогаш не би го направил тоа бидејќи тие се различни, изјави Холанѓанецот за „Скај Спортс“.  дс

Фото: Архива

Остани поврзан