Тен Хаг импресиониран од 35-годишниот Еванс
- Џони Еванс би можел да потпише за Манчестер јунајтед. Триесет и петгодишниот одбранбен фудбалер е блиску до потпишување на едногодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“, објави „Белфаст Телеграф“.
Манчестер, 2 август 2023 (МИА) - Џони Еванс би можел да потпише за Манчестер јунајтед. Триесет и петгодишниот одбранбен фудбалер е блиску до потпишување на едногодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“, објави „Белфаст Телеграф“.
Забележано е дека ветеранот Еванс го импресионирал главниот тренер Ерик тен Хаг за време на претсезоната.
Фудбалерот учествуваше на три пријателски натпревари - против Лион (1:0), Рексам (1:3) и Борусија Дортмунд (2:3).
Еванс потекнува од младинската школа на Манчестер јунајтед. Тој беше во системот на клубот од 1998 до 2015 година. Од 2018 година играше за Лестер, напуштајќи го тимот како слободен играч на трансфер пазарот по крајот од сезоната 2022/23. зс/
Фото: ЕПА