• сабота, 23 ноември 2024

Тензии меѓу Пакистан и Авганистан откако Исламабад започна воздушни напади врз засолништата на исламистите

Тензии меѓу Пакистан и Авганистан откако Исламабад започна воздушни напади врз засолништата на исламистите

Исламабад, 18 март 2024 (МИА) - Пакистански борбени авиони нападнаа сомнителни засолништа на исламистички бунтовници во Авганистан само неколку дена откако беше планиран и извршен крвав обид за атентат врз пакистански воен персонал од авганистанска територија. Двата инцидента доведоа до ново зголемување на тензиите меѓу двете соседни земји, јави ДПА.

-Авионите таа ноќ бомбардираа собир на вооружени борци на пакистанските талибанци, група различна од авганистанските талибанци, изјавија за ДПА пакистански воени и разузнавачки извори.

Тие рекоа дека неколку исламисти биле убиени во нападите во провинциите Хост и Пактика, но портпаролот на авганистанската влада Забиула Муџахид рече дека загинале само жени и деца.

Муџахид го предупреди Пакистан да не ги повторува таквите бомбардирања, бидејќи тоа ќе создаде ситуација што може да излезе „надвор од контрола за Исламабад“.

Пакистанските напади се чинеше дека се одговор на прекуграничниот напад на пакистанските талибанци на воен контролен пункт кон крајот на минатата недела, во кој загинаа седум војници, забележува ДПА. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан