• недела, 22 декември 2024

Телефонски разговор Зеленски-Шолц

Телефонски разговор Зеленски-Шолц

Киев, 3 јули 2023 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски телефонски разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц за „координација на позициите пред самитот на НАТО во Вилнус и форматите на идните безбедносни гаранции за Украина“.

Зеленски на социјалните мрежи напиша дека го информирал Шолц за состојбата на бојното поле, разговарале за неодамнешните настани во Русија и Белорусија, како и за моменталната состојба на договорот за жито и важноста од неговото продолжување.

- Ви благодариме за важните сигнали за поддршка на Украина на Лондонската конференција за закрепнување и состанокот на Европскиот совет. Особено сум благодарен за активното спроведување на претходниот одбранбен пакет од 2,7 милијарди евра и за повеќегодишниот план за поддршка на одбраната на Украина од 8,8 милијарди евра, напиша Зеленски.

Тој нагласи дека состанокот на ниво на советници во Копенхаген е важен чекор кон имплементација на Формулата за мир и додаде дека ќе продолжи активната работа во оваа насока. јт/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан