• недела, 22 декември 2024

Телефонски разговор Бајден - Путин

Телефонски разговор Бајден - Путин
Вашингтон, 12 февруари 2022 (МИА) - Белата куќа соопшти дека американскиот и рускиот претседател, Џо Бајден и Владимир Путин телефонски разговарале за кризата околу Украина. Не се соопштени детали од речиси едночасовниот разговорот. На разговорот Бајден - Путин му претходеа разговорите помеѓу американските и руските министри за надворешни работи и за одбрана. Путин за Украина денеска имаше телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, а Бајден синожа одржа виртуелен разговор со сојузниците од НАТО и од Европска Унија. ми/

Остани поврзан