Телеком донира 6 милиони денари за помош на семејствата на настраданите во Кочани
- СООПШТЕНИЕ - Македонски Телеком и Дојче Телеком ја изразуваат својата солидарност со донација од 6 милиони денари на фондот на Црвениот крст на Македонија, наменет за помош и поддршка на семејствата на загинатите и повредените.

19 март 2025
Во овие тешки времиња за целата нација, длабоко жалиме за младите изгубени животи во трагедијата во Кочани и сочувствуваме со нивните семејства и најблиски. Нашите мисли се со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување.
Македонски Телеком и Дојче Телеком ја изразуваат својата солидарност со донација од 6 милиони денари на фондот на Црвениот крст на Македонија, наменет за помош и поддршка на семејствата на загинатите и повредените.
Македонски Телеком
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки