Тела на осум мигранти пронајдени на брегот во јужниот дел на Мароко
- Осумнаесет лица се пронајдени живи, соопштија тамошните власти
Рабат, 26 јули 2022 (МИА) - Тела на осум мигранти се пронајдени на брегот во јужниот дел на Мароко, откако нивниот чамец се превртел. Осумнаесет лица се пронајдени живи, соопштија тамошните власти, пренесе Бета.
Телата се пронајдени во текот на вчерашниот ден, а властите информираа за случајот синоќа.
Мигрантите се од субсахарски африкански земји. бд/