• недела, 22 декември 2024

Тексас почна да користи авиони за првоз на имигрантите од јужната граница до Чикаго 

Тексас почна да користи авиони за првоз на имигрантите од јужната граница до Чикаго 

Вашингтон, 26 декември 2023 (МИА) - Тексас започна да користи авиони за превоз на мигрантите од американско-мексиканската граница до Чикаго откако тој град го критикуваше превозот на имигрантите со автобуси, кои што републиканскиот гувернер Грег Абот ги користеше за транспорт на луѓето уште од лани. 

Кабинетот на Абот соопшти дека првиот лет со 120 имигранти слетал минатата недела. 

Лани во април, гувернерот даде наредба до службениците на оваа сојузна држава да испраќаат автобуси со имигранти во градовите предводени од демократи.  

Градското собрание на Чикаго неодамна гласаше за построги казни за операторите на автобусите кои не ги носеле патниците до предвиденото место на пристигање. 

Гувернерот врши повеќе планска мисија за обезбедување на безбедноста на границата со Мексико наречена „Осамена ѕвезда“. Во рамките на оваа мисија досега во северните градови како Њујорк, Филаделфија, но и престолнината Вашингтон, од границата се префрлени над 80 илјади нелегални имигранти, од нив 23 илјади се донесени во Чикаго.  

Од кабинетот на градоначалникот на Чикаго не одговорија на барањето за коментари за летовите. кб/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан