• петок, 22 ноември 2024

ТВ-водителот, Пирс Морган, кој ја навредуваше Меган Маркл, поднесе оставка

ТВ-водителот, Пирс Морган,  кој ја навредуваше Меган Маркл, поднесе оставка
Лондон, 10 март 2021 (МИА) - Британскиот телевизиски водител Пирс Морган денеска поднесе оставка од Ај-ти-ви и повеќе нема да биде домаќин на емисијата по која е познат во цел свет - „Добро утро, Британија“, по навредливите коментари на сметка на Меган Маркл, сопругата на принцот Хари. „Разговаравме со Морган и тој одлучи дека е време да ја напушти емисијата, а одборот на Ај-ти-ви ја прифати одлуката и нема што повеќе да додадеме“, се наведува во соопштението. Пирс беше водител на шоуто во понеделник, вторник и среда и на последните емисии, имаше остри коментари за Меган и принцот Хари, по интервјуто кај Опра Винфри, во кое војвотката од Сасекс го критикуваше кралското семејство за расизам. Имено, Морган ја обвини младата двојка дека му нанела голема штета на кралското семејство, барајќи публицитет под свои услови, без да прифати одговорност и она што го подразбира нивната позиција. Тој, меѓу другото, рече и дека на „принцезата Пинокио“ не ѝ верува за ниту еден нејзин збор. - Се уште сум сериозно загрижен за се што рече Меган, но мора да ги искажам моите ставови за психичките болести и самоубиствените мисли. Таквите работи треба сериозно да се сфатат (Меган рече дека размислувала за самоубиство додека била во домот на кралското семејство) и треба да ѝ се помогне, доколку е потребно, со третман, рече Морган. Како што пренесуваат британските медиуми, тој дури влегол во конфликт со колегата водител Алекс Бересфорд, што го натерало и да истрча од студиото среде емисија. Коментарите и однесувањето на Морган предизвикаа 41.000 поплаки до британската Радиодифузна агенција. Наспроти се, Каролин Меккол, извршна директорка на телевизијата, изјави дека апсолутно верува во она што Меган Маркл го рече кај Опра.  си/сд/

Остани поврзан