• недела, 24 ноември 2024

Тајната служба на САД истражува по објавата на Маск зошто имало обиди за атентат врз Трамп, а немало врз Бајден и Харис

Тајната служба на САД истражува по објавата на Маск зошто имало обиди за атентат врз Трамп, а немало врз Бајден и Харис

Вашингтон, 19 септември 2024 (МИА) - Тајната служба на САД започнала истрага за сега веќе избришаната објава на Илон Маск зошто имало два обида за атентат врз Доналд Трамп а немало ниту еден врз претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис.

Според „Блумберг“ агенцијата не открива документи поврзани со постот на Маск затоа што тоа би можело да „смета во спроведувањето на истрагите“. Медиумот поднел барање за пристап до владини документи според Законот за слобода на информации.

-Тајната служба е свесна за објавата што Илон Маск ја пушти на социјалните мрежи и како пракса не коментираме прашања поврзани со заштитата разузнавачка служба, изјави портпаролката на Тајната служба Мелиса Мекензи, соопшти „Аксиос“.

Веднаш откако во неделата ја пушти на своите над 200 милиони потписници, Маск ја избриши објавата во која тој се прашува зошто врз поранешниот претседател Трамп имала два очигледни обиди за атентат, додека Бајден и демократскиот претседателски кандидат Харис немале ниту еден.

Маск првично се спротивстави на критиките и повиците да го избрише или преформулира постот, но на крајот го отстрани и тоа се случи во понеделникот. Подоцна тој изјави дека објавата била шега.

Белата куќа го критикуваше написот на Маск, нарекувајќи го неодговорна реторика.

Истрагата на тајната служба не значи дека Маск ќе биде казнет, но веројатно ќе мора да докаже дека постот не претставува закана за претседателот или претседателскиот кандидат, пишува „Аксиос“.

-Тајната служба ги истражува сите закани поврзани со лицата под нејзина заштита, изјави Мекензи. Агенцијата не потврдила дека се води истрага против Маск. кб/

Остани поврзан