• сабота, 28 декември 2024

Тајани: Италијанската новинарка Сала е во самица во затвор во Техеран, обвиненијата се непознати

Тајани: Италијанската новинарка Сала е во самица во затвор во Техеран, обвиненијата се непознати

Рим, 27 декември 2024 (МИА) - Уапсената дописничка на италијанскиот весник „Ил Фољо“ од Иран, Сесилија Сала е во самица во озлогласениот затвор Евин во Техеран, а обвиненијата против неа се уште не се познати, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.

Тој изјави дека новинарката е во добра состојба и дека Италија работи на нејзино враќање во земјата.

„Сала е во добра здравствена состојба. Ќе видиме колкави се обвиненијата. Владата работи да ја врати во Италија“, изјави Тајани за РАИ. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан