• сабота, 21 декември 2024

Тачи и Весели одбиваат да се сретнат со министерката за правда Хаџиу во Хаг

Тачи и Весели одбиваат да се сретнат со министерката за правда Хаџиу во Хаг

Приштина, 29 март 2022 (МИА) - Косовската министерка за правда, Аљбулена Хаџиу отпатува денеска за Хаг, каде што во наредните три дена ќе се сретне со поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово, кои се наоѓаат во притворот на Специјалниот суд за Косово, но не и со поранешниот претседател н државата, Хашим Тачи и поранешниот собраниски спикер, Кадри Весели, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пред полетувањето од приштинскиот аеродром, Хаџиу им изјави на новинарите дека Тачи и Весели, исто како и на крајот од минатата година, одбиле да се сретнат со претставниците на косовското Министерство за правда при нивната посета на Хаг.

- Ќе се сретнеме со Јакуп Красниќи, Реџеп Селими, Насим Харадинај, Хисни Гуцати и Пјетер Шаља. Хашим Тачи и Кадри Весели не нé прифатија, додека судот не ни овозможи средба со Салих Мустафа, изјави Хаџиу.

Покрај претставниците на Министерството за правда, член на делегацијата која отпатува за Холандија е и потпретседателката на Собранието на Косово, Саранда Богујевци.

Специјализираните комори за Косово, како што е официјалниот назив на трибуналот познат во косовската јавност како „Суд против ОВК“, подигнаа обвиненија против Тачи, Весели и другите споменати основачи и водачи на ОВК, под сомнение за извршени злосторства врз цивили Албанци, Срби и припадници на другите етнички заедници, во периодот од 1998 до почетокот на 2000 година, односно за време и непосредно по војната во Косово. иа/ми/

Остани поврзан