• понеделник, 23 декември 2024

Тахири: Курти се занимава со ситни работи, како регистерските таблички и динарот

Тахири: Курти се занимава со ситни работи, како регистерските таблички и динарот

Приштина, 10 април 2024 (МИА) – Поранешната главна преговарачка на Косово во дијалогот со Србија, Едита Тахири вели дека премиерот Албин Курти ги загубил големите битки во преговорите и „се занимава со мали битки“, како што се регистарските таблички и употребата на српскиот динар во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тахири во синоќешното интервју за телевизијата КТВ рече дека Курти „треба да се фокусира на големите работи“.

- Проба со табличките. Кој го направи тој договор? Јас. Регистерските таблички се мала работа во однос на работата што ја има државата на север. Каде се судовите? Кој се занимава со правдата на север? Кој ја спроведува правдата на север? Откако доживеа неуспех во големите битки во дијалогот, го изгуби меѓусебното признавање, ја прифати Заедницата (на српски општини)... тогаш надокнадува со мали битки. Табличките и динарот се мали работи. Наместо да се фокусира на големи работи, Курти троши енергија на ситници, изјави Тахири.

Како поранешна главна преговарачка, Тахири ѝ препорача на Владата на Курти „да инсистира пред светот дека ќе ја направи Заедницата според Уставот, но Србија мора да даде де јуре признавање“.иа/сд/

Остани поврзан