• сабота, 16 ноември 2024

Татко ја загрозил сигурноста на синот, поведена постапка

Татко ја загрозил сигурноста на синот, поведена постапка

Скопје, 24 декември 2023 (МИА) -  Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничениот  ја загрозил сигурноста на сопствениот син, заканувајќи му се дека ќе го убие и него и целото негово семејство. 

-Синот, кој инаку живеел во Швајцарија, се вратил во велешко село заедно со семејството. Меѓутоа, таткото му забележал затоа што тој и неговиот брат ја примиле да живее во странство мајката, која се пожалила дека трпи насилство во домот. Жената во моментов била кај другиот син во Данска, а осомничениот со закани по живот инсистирал да ја вратат дома, информира Обвинителството.

На предлот на надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во  Велес определен е притвор за осомничениот во траење од осум дена.лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан