Тасевска: Предвремена исплата и на мајските пензии со дополнителни 1.000 денари како помош за пензионерите
- Владата предводена од СДСМ на дело покажува вистинска грижа за пензионерите. Од денеска започнува етапната исплата за мајските пензии за близу 330.000 пензионери.
Скопје, 30 мај 2022
Владата предводена од СДСМ на дело покажува вистинска грижа за пензионерите.
Од денеска започнува етапната исплата за мајските пензии за близу 330.000 пензионери.
И овој месец на сите пензионери ќе им бидат исплатени дополнителни 1.000 денари како помош во справување со последиците од кризата.
Одговорните политики на СДСМ обезбедија стабилност на пензискиот фонд, континуиран раст на пензиите и нивна предвремена исплата и во време на најголема светска економска криза.
Преку отворен, инклузивен процес на преговори со здруженијата на пензионери, договорена е нова методологија која ќе обезбеди рекордно зголемување на пензиите од месец септември оваа година.
Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ во континуитет покажуваат вистинска грижа за сите категории граѓани.
И во време на светска економска криза, продолжуваме со реализација на мерки и политики кои обезбедуваат раст на платите и пензиите, заштита и унапредување на животниот стандард на граѓаните.
Прес-конференција на Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.