• сабота, 09 ноември 2024

Тараџи Хенсон ќе ги води Американските музички награди

Тараџи Хенсон ќе ги води Американските музички награди
Лос Анџелес, 3 ноември 2020 (МИА) - Американската глумица Тараџи П. Хенсон потврди дека ќе биде водителка на Американските музички награди - АМА, за 2020 година. - АМА-наградите ја обединуваат музичката заедница за да го прослават она што навистина ги придвижува сите уметници - обожавателите! Горда сум што ќе се појавам на сцената како домаќинка на овогодишната свеченост - исто така и како обожавателка - па ветувам дека ќе биде електрифицирачка музичка вечер!, изјави ѕвездата на ТВ-сериите „Империја“ и „Скриени фигури“. Претходно Дуа Липа го најави своето учество како настапувач на сцената. Номинациите за АМА 2020 беа објавени минатиот месец. Пет од нив освои дебитантката Меган Ди Сталион - вклучително и категориите Нов уметник на годината и Соработка на годината. Натаму, Бад Бани, Џастин Бибер, Лејди Гага, Тејлор Свифт и номинираните за првпат - Да Бејби и Доџа Кет добија по четири номинации. Свеченото доделување ќе се одржи на 22 ноември во Мајкрософт театарот во Лос Анџелес. си/

Остани поврзан