• понеделник, 04 ноември 2024

Таравари: Избори на крајот на јули или на почетокот на август

Таравари: Избори на крајот на јули или на почетокот на август
Скопје, 11 мај 2020 (МИА) - За доброто на граѓаните најдобро е изборите да се одржат на крајот на јули или на почетокот на август. Со ваков став Алијансата за Албанците ќе оди на утрешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, истакна вечерва генералниот секретар на партијата и градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари. -За Алијансата прифатлив датум за избори е крај на јули или почеток на август. Годинава ретко некој ќе оди надвор на одмор, дури и туристичките места ќе бидат лимитирани со бројки. Се надевам дека ќе најдеме заедничко решение, бидејќи предлогот на СДСМ е некоректен, зошто Европската унија после 15 јуни ги отвора границите. Тоа нема да биде коректно кон граѓаните кои работат во странство и нема да може да дојдат да гласаат, рече Таравари во емисијата отвореното студио на ТВ24. За Алијансата за Албанците, посочи, не е проблем да се оди на избори и за 10 дена, но, додаде, поради коронавирусот сметаме дека избори и кампања треба да има во периодот кога има највисоки температури, односно на крај на јули или на почеток на август. -Ако се организира кампања, тоа значи отворање на ново жариште и нов бран кој ќе биде полош, рече Таравари и како пример ја даде Франција, каде, како што истакна, многумина се заразиле на изборите на почетокот на епидемијата, а повеќето од нив и починале. Според него, тестирањето кај пациентите за присуство на коронавирусот е мало и мисли дека е тоа намерно зашто, како што посочи, некако се брза да се оди на избори. Таравараи смета дека џамиите треба да се отворат откако ќе се дадат одредени препораки и протоколи како да се однесуваат граѓаните, но потенцираше дека утре нема да оди во џамија. -На почетокот на пандемијата требаше да бидеме рестриктивни, а сега треба да се вратиме во нормала и мора да живееме со вирусот. Властите дури и претеруваат со ограничувањата, а Македонија и Албанија се меѓу најрестриктивните земји, потенцира Таравари. вј/лв/

Остани поврзан