• недела, 22 декември 2024

Таравари: Ќе имаме две компресорски станици - нова и сервисирана

Таравари: Ќе имаме две компресорски станици - нова и сервисирана

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) - Ќе имаме две компресорски станици, нова и сервисирана. Ова го соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари, кој одговараше на новинарски прашања пред Клиниката за онкологија. 

- До крај на јануари треба да заврши компанијата. Се работи, компанијата што е задолжена. Така да, да се надевам дека ќе имаме не една, туку две компресорски станции. Една нова и една сервисирана, што ќе ни служи како „бекап“, евентуално ако не функционира едната, веднаш да се активира другата, подвлече Таравари.

Во мај, операциони сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”. бд/са/

Фото и видео: МИА 

Остани поврзан