Таравари: Разликата не е голема, се уште не сме одлучиле кого ќе поддржиме во вториот круг
- Кандидатот за претседател Таравари вели дека во сите изборни единици каде доминираат Албанци односно во Првата, Втората и Шестата изборна единица разликата е три-четири илјади гласови. Вели дека немаат одлучено на кого ќе му дадат поддршка во вториот круг.
Скопје, 24 април 2024 (МИА) - Кандидатот за претседател на здружената албанска опозиција „Вреди“, Арбен Таравари вечерва на прес-конференцијата изјави дека во сите изборни единици каде доминираат Албанци, односно во Првата, Втората и Шестата разликата е три-четири илјади гласови.
Претседателскиот кандидат истакна дека се уште немаат одлучено на кого ќе му дадат поддршка во вториот круг. Прашан дали ќе даде оставка доколку изгуби од Османи, Таравари рече да за тоа ќе се разговара во органите на партијата.
- Да завршат прво изборите, следат парламентарните избори. Ова се први избори како претседател на партија, во органите на партијата ќе разговараме за ова, рече Таравари.
Здружената албанска опозиција вечерва на прес-конференција им се заблагодари на гласачите кои го дадоа гласот за нивниот кандидат за претседател Арбен Таравари и очекува на 8 мај на парламентарните избори да ја победат ДУИ.
- Добитник на овие избори е Влен или ДУИ има вкупен број на гласови на помалите етнички заедници и на граѓаните кои имале потреба од нивните пари. Влен е легитимен претставник на Албанците, Влен ги доби гласовите на Албанците. ДУИ со ова однесување го загуби последниот легитмитет да зборува во име на Албанците. Затоа на 8 мај ние ќе победиме. Важно е да потенцираме дека овој резултат и во мандати не е голема разлика од ДУИ и затоа на 8 мај овој резултат ќе биде во наша полза, изјави лидерот на движењето Беса, Биљал Касами. фф/бак/
Фото: МИА