• понеделник, 23 декември 2024

Талибанците тврдат дека зазеле стратешки важен премин на границата со Пакистан

Талибанците тврдат дека зазеле стратешки важен премин на границата со Пакистан
Кабул, 14 јули 2021 (МИА)  - Авганистанските талибански бунтовници денеска продолжија со офанзивата и објавија дека заземале стратешки важен премин на границата со Пакистан. Тоа е еден во низата важни гранични премини окупирани од талибанците во последните неколку недели, додека се приближува повлекувањето на американските и НАТО трупите од Авганистан. Жителите на пограничната област во Пакистан нагласуваат дека го виделе знамето на талибанците во градот Спин Болдак, додека владините сили негираа дека талибанците го окупирале тој граничен премин. Спин Болдак е главниот премин за целата стока што пристигнува во Авганистан од пакистанскиот град Карачи. Во претходните месеци, по повлекувањето на американските и на НАТО трупите од Авганистан по 20 години, талибанците освоија значителни делови од територијата на земјата. Тие ги окупираа гранични премини со Иран, Узбекистан и Таџикистан. зш/

Остани поврзан