Схинас: Упатувам апел до наследниците на Заев да останат посветени на европската перспектива на земјата
- Сметам дека неодамнешната оставка на Зоран Заев од раководството на Северна Македонија не ѝ послужи на целта за стабилност што ја бараме во регионот, рече потпретседателот на Европската комис
Атина, 5 ноември 2021 (МИА) - Сметам дека неодамнешната оставка на Зоран Заев од раководството на Северна Македонија не ѝ послужи на целта за стабилност што ја бараме во регионот, рече потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Схинас, за време на неговото учество на „Thessaloniki Summit“ и ги повика наследниците на Заев да останат посветени на ЕУ перспективата на регионот, јави дописничката на МИА од Атина.
-Искрено се надевам, а преку форумот во Солун упатувам апел до наследниците на Зоран да останат цврсто и константно посветени на европската перспектива на нивната земја и на потребата од добрососедство со сите нивни соседи, истакна Схинас.
Говорејќи за европската перспектива на сите земји од Западен Балкан рече дека е „апсолутно убеден дека е неповратен процес, а нивната интеграција е пропишана и закономерна“ и посочи дека во никој случај народите од регионот не треба да го изгубат ова апсолутно убедување.
Додаде дека „постојат и други пријатели на овие земји кои се обидуваат да понудат алтернативни геостратешки сценарија и перспективи“, но според него, овие други земји прјатели „не се искрени колку што е Европа“.ср/лв/