Сунак: Ракот на кралот Чарлс е „рано откриен“, остануваме во редовен контакт
- Премиерот на Обединетото Кралство, Риши Сунак, рече дека е благодарен што ракот на кралот Чарлс бил „рано откриен“, пренесе Гардијан.
Лондон, 6 февруари 2024 (МИА) - Премиерот на Обединетото Кралство, Риши Сунак, рече дека е благодарен што ракот на кралот Чарлс бил „рано откриен“, пренесе Гардијан.
-Очигледно, (веста ја примив) како и сите други, шокирани и тажни и сите наши мисли се со него и неговото семејство. За среќа, ова е рано откриено, рече Сунак.
Тој додаде дека сите ќе се надеваат оти кралот „ќе го добие третманот што му е потребен и ќе се опорави целосно“.
-Тоа е она за што сите се надеваме и се молиме, а јас сум во редовен контакт и ќе продолжам да комуницирам со него нормално. Тој ќе биде во нашите мисли и нашите молитви, многу семејства низ земјата што го слушаат ова ќе бидат допрени од истото и знаат што значи тоа за сите. Така, ние само ќе бидеме подготвени да продолжи и се надеваме дека ќе можеме да го поминеме ова што е можно побрзо, рече Сунак. мс/
фото: ЕПА