• петок, 22 ноември 2024

Судскиот совет в петок на јавна седница ќе одлучува за дисциплинска одговорност на судијката Беса Адеми

Судскиот совет в петок на јавна седница ќе одлучува за дисциплинска одговорност на судијката Беса Адеми

Скопје, 26 декември 2023 (МИА) - Судскиот совет попладнево со осум гласа „за“ одлучи да биде јавна седницата на која ќе се одлучува по иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми. Седницата е закажана за овој петок. 

Според Законот за Судски совет, постапката за утврдување одговорност на судија е од доверлив карактер и треба да биде без присуство на јавноста, но судијката Адеми побарала на сослушувањето на биде присутна јавноста, односно да бидат присутни медиумите.

Иницијативата за дисциплинска одговорност со разрешување беше поднесена откако Адеми во интервју за САКАМДАКАЖАМ.МК посочи дека судот со којшто раководи се соочува со политички притисоци и закани од разрешување на врховни судии. бак/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан