• недела, 22 декември 2024

Судот одби привремено да ги ослободи Тачи, Селими, Весели и Красничи

Судот одби привремено да ги ослободи Тачи, Селими, Весели и Красничи
Хаг, 27 јануари 2021 (МИА) - Судијата на претходна постапка на Специјалниот суд за Косово со седиште во Хаг го одби барањето на адвокатите на поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и поранешен претседател на Косово, Хашим Тачи за привремено пуштање на слобода. Истата одлука е донесена и по повод барањата на адвокатите на Реџеп Селими, Кадри Весели и Јакуп Красничи, кои заедно со Тачи се обвинети за низа воени злосторства и злосторства против човештвото. Нивните барања се одбиени со образложение дека постои опасност за нивно бегство, опструкција на постапката, влијание врз сведоци и изврршување на понатамошни кривични дела. Адвокатите понудија гаранции дека обвинетите нема да побегнат и бараа замена на притворот со куќен притвор и други мерки. Тачи, Селими, Весели и Красничи се упасени на почетокот на ноември минатата година. ми/

Остани поврзан