• понеделник, 23 декември 2024

Судот во САД: Свршеничкиот прстен е подарок што по раскин на веридбата му припаѓа на давателот без разлика на вината

Судот во САД: Свршеничкиот прстен е подарок што по раскин на веридбата му припаѓа на давателот без разлика на вината

Бостон, 11 ноември 2024 (МИА) - Врховниот суд на американската сојузна држава Масачусетс во петокот пресуди дека несудена невеста мора да му го врати свршеничкиот прстен од 70.000 долари на нејзиниот поранешен вереник.

Судот, имено, застана на страната на Брус Џонсон во неговата долгогодишна правна битка со поранешната свршеничка Каролин Сетино во обид да ги врати скапоцените остатоци од нивната врска откако тој ја откажал венчавката. Пресудата вели дека го ажурира начинот на којшто се пристапува кон тужбите за враќање на прстените и оти се приклучува на трендот дека вереничките прстени се подароци што мора да му се вратат на давателот без разлика на вината.

Тужбите со коишто се бара враќање на прстените се последниот преостанат непроменет вид судски спор за прекин на веридбата, признаен во американските судови, откако сојузните држави во 1930-тите почнаа да ги отфрлаат барањата за отштета за душевна болка што жените претходно можеа да ги бараат кога брачниот завет е поништен.

Повеќето сојузни држави првично го следеа пристапот усвоен од судот во Масачусетс во 1959 година, според којшто давателот на веренички прстен имаше право на враќање на парите се додека тоа лице не е виновно за поништувањето.

Џонсон ја откажал планираната венчавка со Сетино во 2017 година, откако ја видел како се допишува со друг маж. Тој се посомневал дека таа има љубовник, а Сетино ги отфрлила обвинувањата, велејќи дека таа и другиот маж биле пријатели со десетлетија. Во 2018 година, Џонсон покренал тужба за Сетино да му го врати прстенот од 70.000 долари со којшто ја запросил.

Судијата првично пресудил дека тој е виновен за нивната разделба. Апелациониот суд ја укинал одлуката, што доведе до повторен процес којшто заврши во корист на Џонсон.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан