• сабота, 23 ноември 2024

Судијата го одби барањето за поништување на судењето на Трамп за скандалот со порно ѕвездата Даниелс

Судијата го одби барањето за поништување на судењето на Трамп за скандалот со порно ѕвездата Даниелс

Вашингтон, 8 мај 2024 (МИА) - Судијата во кривичната постапка против Доналд Трамп во вторникот го одби барањето за поништување на судењето на адвокатот на Трамп, Тод Бланш, кој тврдеше дека сведочењето на порно ѕвездата Сторми Даниелс за нивната наводна афера во 2006 година е ирелевантно и само ќе ги разгори страстите на поротата.

„Како можеме да излеземе од ова на начин што е фер за претседателот Трамп“, рече Бланш.

Судијата Хуан Мерчан рече дека се согласува дека има елементи во нејзиното сведочење што би било подобро да не се кажат.

„Мислам дека беше малку тешко да се контролира сведокот. Мислам дека не сме во фаза кога поништувањето на судењето е оправдано“, рече Мерчан.

Предлогот беше поднесен неколку часа по нејзиното сведочење. Таа пред поротата кажа за нејзината наводна врска со Трамп и митото од 130.000 долари што го добила за да молчи кога тој се кандидираше за претседател во 2016 година.

Даниелс (45) рече дека одлучила тој инцидентот да остане приватен откако добила закана на паркинг во 2011 година, но се предомислила за време на кампањата во 2016 година, кога биле изнесени неколку обвинувања за сексуален напад против Трамп.

„Мојата мотивација не беа парите, сакав да ја раскажам приказната“, вели таа.

Трамп (77) се изјасни дека не е виновен за фалсификување деловни книги за да се прикрие давање мито на Даниелс.

Тој негира дека имал секс со Даниелс, а неговите адвокати тврдат дека таа го измислила затоа што сакала да се појави во шоуто на Трамп „The Apprentice“.

Даниелс потврди дека се надевала дека Трамп ќе ја ангажира во шоуто по нивниот однос. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан