• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Судир на две скопски возила на експресниот пат Ранковце –Крива Паланка

Судир на две скопски возила на експресниот пат Ранковце –Крива Паланка

Крива Паланка, 6 март 2025 (МИА) – Две патнички моторни возила со скопски регитарски ознаки, едното од нив, управувано до турски државјанин, се судриле на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка утрово околу 9 часот и 53 минути, поради што сообраќајот на овој патен правец сѐ уште е во прекин, а возилата се пренасочуваат по магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

Според информациите од портпаролката на Сектор за внатрешни работи Куманово, Ивана Младеновска, увидот на полицијата и јавен обвинител, се уште трае.

-На 6 март 2025, во 9 часот и 53 часот во Одделението за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека на магистрален пат, Куманово - Крива Паланка, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило "опел зафира" со скопски регистарски ознаки и "мерцедес" со скопски регистарски ознаки, управувано од турски државјанин. Сообраќајната несреќа се случила на новиот, експресен пат, кадешто сообраќајот е во прекин веќе три часа, а  увидот е во тек, информира Младеновска.

Од СВР Кманово информираат дека извесетен е и јавен обвинител, а за детали ќе известат по завршување на увидот. ид/сст/

Фото МИА архива

Остани поврзан