• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Судири меѓу полицијата и антивладините демонстранти во Ерусалим, уапсени неколку лица

Судири меѓу полицијата и антивладините демонстранти во Ерусалим, уапсени неколку лица

Ерусалим, 19 март 2025 (МИА) – На денешните протести против владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, а неколку лица беа уапсени.

Илјадници луѓе протестираа против намерата на Нетанјаху да го отпушти директорот на Шин Бет, Ронен Бар, а истовремено повикаа на договор за заложниците, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Демонстрантите се судрија со полицијата додека се обидуваа да ги пробијат барикадите и да стигнат до приватната резиденција на Нетанјаху, а на фотографиите од местото на настанот се гледа дека полицијата приведува неколку лица.

Во близина на официјалната резиденција на Нетанјаху, група тивки демонстранти седат на улица, го блокираат сообраќајот и планираат да останат таму до 17 часот по локално време.

Во други области, стотици луѓе седат на тротоари, скандирајќи и повикувајќи на договор за ослободување на преостанатите заложници во Газа, и покрај тоа што борбите продолжија.

- Време е да го запреме ова лудило пред да немаме кој да спасуваме, пред да немаме повеќе држава, рече лидерката на протестот Шикма Бреслер пред насобраните. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан