Суарез со признание на МВП во бразилското првенство се сели во Интер Мајами
- Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез го освои признанието најкорисен играч (МВП) во бразилското фудбалско првенство во кое во сезоната која финишираше во четвртокот постигна 17 голови во дресот на Гремио, додавајќи и 11 асистенции.
Рио де Женеиро, 8 декември 2023 (МИА) – Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез го освои признанието најкорисен играч (МВП) во бразилското фудбалско првенство во кое во сезоната која финишираше во четвртокот постигна 17 голови во дресот на Гремио, додавајќи и 11 асистенции.
„Ова е награда за целиот тим. Со речиси 37 години ја одиграв сезоната со најмногу натпревари во кариерата (53 во сите натпреварувања). Тоа беше година во која најмногу бев отсутен од сопругата и децата. Ова признание е за нив, бидејќи секој труд и жртва имаат своја награда. Им благодарам на сите“, рече Суарез, кој сезоната ја заврши како втор најдобар стрелец во бразилскиот шампионат, зад Паулињо од Атлетико Минеиро.
Суарез изминатиот период имаше многу проблеми со повредите, но и покрај тоа, одлучи пред да ја заврши кариерата да одигра уште една сезона и да му се приклучи на американскиот прволигаш Интер Мајами, каде ќе настапува со своите поранешни соиграчи од Барселона, Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба. ег/мс/
фото: Фејсбук