• понеделник, 23 декември 2024

Студија „Северна Македонија на европската изборна мапа: колку е пропорционален македонскиот изборен модел?“

Студија „Северна Македонија на европската изборна мапа: колку е пропорционален македонскиот изборен модел?“

Скопје, 6 април 2023 (МИА) - Презентација на студијата „Северна Македонија на европската изборна мапа: колку е пропорционален македонскиот изборен модел?“ ќе се одржи денеска во библиотеката „Браќа Миладиновци“ - Скопје во организација на Институтот за демократија.

-Оваа студија го анализира степенот на пропорционалност помеѓу распределбата на гласови и распределбата на пратенички места во македонскиот изборен модел. Преку споредба со 31 друга европска држава, се утврдува пропорционалноста на изборниот модел на Република Северна Македонија според четири клучни елементи на изборните модели: број и големина на изборните единици, изборната формула, (не)постоењето на изборен праг и бројот на пратеници, информира Институтот за демократија. мс/мд/

фото: МИА архива

Остани поврзан