• понеделник, 23 декември 2024

„Студентски отпор“ реагира на новите повисоки трошоци за студирање

„Студентски отпор“ реагира на новите повисоки трошоци за студирање

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Младинското движење на студентите кое се бори за подигнување на студентскиот стандард во земјава „Студентски отпор“ денеска соопшти дека покренува петиција за новите повисоки давачки за студирање. 

- Оваа петиција е апел до надлежните веднаш да ги укинат неразумните трошоци! вие неправди, некоректност и изживување со македонскиот студент нема да ви ги премолчиме, стои во соопштението од „Студентски отпор“.

Оттаму посочуваат дека оваа академска година почнува со нови повисоки давачки за студентите од околу 5.000 денари без, како што наведуваат, никаква најава и консултација со студентите при УКИМ.

- Недозволиво е досегашните неоправдани високи цени за студирање да се надоградуваат со уште понеразумни трошоци! Наместо да се преиспитаат досегашните давачки и младите да се мотивираат за високо образование и просперитет во Македонија - надлежните зададоа уште еден удар по и така катастрофалниот студентски стандард, се вели во соопштението. мд/бак/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан