• сабота, 23 ноември 2024

Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2024

Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2024

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја отворила дванаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2024.

-Преку оваа веќе препознатлива платформа младите добиваат шанса да ги претстават своите идеи, истражувања и иновации, но и да научат од искусни професионалци, соопшти Министерството. 

Божиновска на отворањето на конференцијата истакнала дека во светот кој се повеќе се соочува со предизвиците на климатските промени, енергетската ефикасност и одржливиот развој се многу значајни теми и потребата за нови знаења и иновации никогаш не била поголема.

-Токму затоа ме радува што СКЕЕОР е во организација на студентите, подржана од професорите и компаниите. Тоа е одличен начин да се спојат теоријата и практиката, да се поттикне студентската креативност и да се формираат професионални врски меѓу академијата и индрустријата, значајни за развојот на идните млади инжинери и екперти во нашата земја. Уверена сум дека идеите и проектите кои произлегуваат од оваа конференција ќе имаат голем импакт врз иднината на енергетскиот сектор во државата. Владата е посветена на создавање услови за поддршка на младите инжинери и научници, истакнала Божиновска. хс/дма/

Фото: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Остани поврзан