• четврток, 12 март 2026

Студено утро, во текот на денот сончево и топло до 20 степени

Студено утро, во текот на денот сончево и топло до 20 степени

Скопје, 11 март 2026 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 1, а максималните ќе достигнат од 14 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 0, а максималните ќе достигнат до 19 степени.

До крајот на работната недела ќе се задржи стабилно и тивко време со пораст на дневните температури. За време на викендот, времето ќе биде посвежо со услови за слаби врнежи од дожд. фф/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан