• понеделник, 23 декември 2024

Стуб: Затворањето на границата помогна да се спречи ескалација на тензиите со Русија

Стуб:  Затворањето на границата помогна да се спречи ескалација на тензиите со Русија

Хелсинки, 7 април 2024 (МИА) - Претседателот на Финска, Александар Стуб, смета дека одлуката на Владата да ја задржи затворена границата со Русија била правилна, бидејќи помогнала да се спречи ескалација на тензиите со Русија.

Тој истакна дека Русија игра „двојна игра“, пренесува финскиот јавен сервис Иле.

„Првата е дека Русија, Путин, ги користи луѓето како алатка во војна која е безмилосна, цинична и фундаментално погрешна. Веќе се вклучени многу луѓе од Ирак, Јемен, Етиопија и Сирија, приближно 1.300 до 1.500 луѓе. Другата страна е стравот на Русија дека мобилизацијата ќе доведе до бегство на Русите од земјата преку Финска“, рече Стуб. паг/

Фото: Фејсбук

 

 

Остани поврзан