• недела, 24 ноември 2024

Струшки Комуналец најави тужби за неплатените фактури до крајот на ноември

Струшки Комуналец најави тужби за неплатените фактури до крајот на ноември

Струга, 13 ноември 2024 (МИА) - Јавното претпријатие „Комунално Струга“ ги известува корисниците на нивните услуги дека ќе пристапат кон тужење за фактурирани, заостанати неплатени сметки заклучно до 30 ноември годинава.

- Со таа цел ги повикуваме сите физички и правни лица, кои ги користат услугите на јавното претпријатие да пристапат кон доброволна исплата на долгот кои го имаат спрема јавното претпријатие „Комунално - Струга“ за да не бидат изложени на дополнителни трошоци, кои ќе настанат со поднесените тужби, стои во информацијата на претпријатието.

Корисниците, како што е наведено, долгот можат да го подмират и преку системот за електронска наплата со што им е овозможено онлајн плаќање на сметките со кредитна или дебитна картичка без провизија.

- Со оваа услуга корисниците имаат увид во неплатените месечни сметки и брзо, лесно и сигурно можат да ги платат, посочува ЈП „Комуналец Струга“. сс/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан