• четврток, 04 јули 2024

Струмичките пожарникари добија бесплатен паркинг за нивните семејни возила

Струмичките пожарникари добија бесплатен паркинг за нивните семејни возила

Струмица, 31 август 2023 (МИА) - Струмичките пожарникари добија бесплатен паркинг простор за нивните семејни возила.

Веста ја објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој напиша дека неизмерна е почитта и благодарноста кон нив и дека се работи за храбри, одговорни и пожртвувани професионалци, потврдени во многу домашни и меѓународни спасувачки мисии.

-Заедно со членовите на Советот ја надополнивме со одуката за бесплатно користење на паркинг просторите на подрачјето на зоните А и Б за нивните семејни возила за сите вработени во ТППЕ Струмица, објави струмичкиот градоначалник.

Додава дека пожарникарите се чувари на Струмица, на животите на граѓаните и имотите од пожари и други елементарни непогоди и несреќи и како што напиша Костадинов што и да се направи за пожарникарите секогаш е малку. рт/цр

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан