Стружани можат да ги пријават проблемите на општинската веб-страница
- Општина Струга направи нова опција за пријавување на проблеми на официјалната веб-страница, соопшти денеска општинската прес-служба.
Струга, 8 јануари 2026 (МИА) - Општина Струга направи нова опција за пријавување на проблеми на официјалната веб-страница, соопшти денеска општинската прес-служба.
Преку услугата, како што е наведено, секој граѓанин има можност лесно да пријави проблеми со кои се соочува во заедницата, како што се: инфраструктура, јавно осветлување, хигиена, јавен ред и безбедност, како и други прашања од јавен интерес.
- Пријавувањето на проблемите овозможува побрза и поефикасна реакција од страна на општинските служби и придонесува кон создавање на подобра, побезбедна и пофункционална заедница за сите, стои во информацијата на Општина Струга.
Ги повикуваат граѓаните активно да ја користат опцијата и да придонесеат за подобрување на квалитетот на живот во Струга. сс/са/
Фото МИА архива