• петок, 22 ноември 2024

Струга преполна со туристи, се бара место повеќе

Струга преполна со туристи, се бара место повеќе

Струга, 1 август 2023 (МИА) - Струшкото крајбрежје, плажите, чаршијата деновиве се преполни со туристи. Традиционално околу празникот Илинден ривиерата е преполна со гости од земјава и странство, но како и секогаш во Струга најмногубројни се печалбарите.

Зголемената фрекфенција се забележува и низ улиците и патиштата, долгите колони се карактеристична слика за влез и излез од Струга на кружниот тек на патот што води кон граничниот прмеин Ќафасан и патот кон Дебар.

Поради големиот број туристи и враќањето на печалбарите повеќе од двојно била зголемена работата на Брзата помош. Најголемиот број интервенции биле поради колапси предизвикани од жешкото време, информираат од Струшката Брза помош.

Хотелските капацитети се целосно исполнети, а се бара кревет повеќе и во приватното сместување. Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери - ХОТАМ, Крсте Блажески вели дека гости имаат од секаде, од цел свет.

- Неможе да се каже кои гости се најбројни. Тука се холанѓаните, гостите од Полска, Турција, соседството... Годинава многубројни се и гостите од дијаспората, бидејќи не беа вратени подолго време поради короната. Забави има на целото крајбрежје од секаков тип и за сечиј вкус, истакна Блажески.

Покрај екот на туристичката сезона кој трае некаде до средината на август, тој очекува целосна исполнтеост на хотрелските капацитети и во септември.

И покрај гужвите, безбедосната состојба на подрачјето на Одделението за вантрешни работи Струга, според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, е стабилна и поволна.

- Регистрирани се ретки случаи на нарушување на јавниот ред и мир, но најважно е што сторителите веднаш се приведувани и во соработка со јавен обвинител против нив се поднесуваат соодветни пријави, изјави Димоски за МИА.

Ниската свест кај некои граѓани и посетители оставаат и лоша слика во градот со расфрлани отпадоци, уништување на урбаната опрема, за што јавното претпријатие „Комунално“ постојано апелира на совесност и да не се уништува ликот на Струга. сс/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан