• петок, 22 ноември 2024

Стојкоски: Ќе изградиме две нови детски градинки во Ѓорче Петров

Стојкоски: Ќе изградиме две нови детски градинки во Ѓорче Петров
Скопје, 6 октомври 2021 (МИА) - Се обврзуваме за изградба на две нови детски градинки, како и доградба и проширување на постоечките капацитети на веќе изградените градинки, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на вечерашниот митинг. Посочи дека неговата цел е создавање силни поколенија односно индивидуи, за учениците вети подобрување на условите преку реконструкција на дотраените објекти, реновирање на дотраените спортски сали и изградба на три нови мултифункционални игралишта, нови вон-школски програми за странски јазици и изучување на ИТ вештини, средства за стимулирање и стипендии за најдобрите ученици и спортисти, подигнување на нови 20 илјади м2 нови зелени површини и реконструкција на истите, како и целосно санирање на дивата депонија во Ново Село. Општината ќе обезбеди и средства за стимулирање на надарените и талентирани спортисти и ученици. Преку наградување на најдобрите, најуспешните а финансиски ќе ги поддржиме учениците и нивните ментори за учество на државни и меѓународни натпревари. Ќе доделуваме и стипендии за најдобрите ученици и спортисти, истакна Стојкоски. -Гарантираме и подигнување на над 20 илјади м2 нови зелени површини со парк во секое маало. Нови паркови во Волково, Ново Село, Мирче Ацев, Хром, Дексион како и целосна реконструкција на централниот парк во срцето на Ѓорче Петров, потенцираше Стојкоски. Додаде дека за спортските клубови ќе биде силен сојузник, а преку урбанизација и изградба на подземната инфраструктура на индустриската зона и создавањето на услови за развој и влез на нови инвестиции ќе го крене стандардот на граѓаните во Ѓорче Петров.свс/са/

Остани поврзан