• петок, 22 ноември 2024

Стојаноски: СДС и ДУИ да кажат во чии џебови оделе парите кои сега се прибираат во државната каса

Стојаноски: СДС и ДУИ да кажат во чии џебови оделе парите кои сега се прибираат во државната каса

Скопје, 13 август 2024


Почитувани,

СДС и ДУИ да кажат во чии џебови оделе парите кои сега се прибираат во државната каса.

Десетици милиони евра повеќе се собрани во државната каса од страна на УЈП, Царинската Управа и Јавното претпријатие за државни патишта во месец јули оваа година во споредба со истиот месец лани.

Јавното претпријатие за државни патишта во јули наплатило 16 милиони денари повеќе од патарини оваа година во споредба со лани.

Царинската управа наплатила 12 милијарди денари во месец јули, што е рекордна наплата на оваа институција било кога од нејзиното постење.

Пикот во собирање приходи го има и УЈП, каде се наплатени 13.4 милијарди денари, што е исто тако рекорд.

Комбинираниот приход на УЈП и Царинската управа е над 25.4 милијарди денари, што е над 415 милиони евра.

Ја враќаме државата на народот, УЈП и Царина собраа десетици милиони евра повеќе, наместо во нечии џебови парите ќе одат за нови градинки, училишта и болници.

Реализацијата на УЈП, Царина и ЈП за државни патишта покажа дека парите биле тука, само тие не завршувале во буџетот, туку во нечии џебови.

Власта на СДС и ДУИ покрај на тендери и матни зделки ја краделе државата и преку не наплаќање на даноци и царини.

Народот многу скоро од денес ќе ја осети разликата во собраните приходи, преку покачените пензии, новите училишта, градинки, болници.

Македонија може да оди напред, само кога нема политичари кои ја крадат. Политичарите од СДС и ДУИ кои ја ограбија државата ќе одговараат. А народот ќе живее во држава која ќе се грижи за него.

 

Интегрален текст од прес - конференција за медиуми на пратеникот Бојан Стојаноски

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан