• петок, 20 декември 2024

Стојаноска: Од власта се уште немаме одговор во врска со Информацијата за состојбите во Судскиот совет

Стојаноска: Од власта се уште немаме одговор во врска со Информацијата за состојбите во Судскиот совет

Скопје, 4 мај 2023

Изминаа повеќе од 24 часа, а од власта се уште немаме никаков одговор, никаква реакција во врска со Информацијата за состојбите во Судскиот совет, која што како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја поднесовме вчера, овде во Собранието на Република Македонија.

Молчењето од страна на власта за проблемите во судството и Судскиот совет оди единствено во прилог на намалување на довербата на граѓаните кон судството и институциите.

На очиглед на целата јавност пред неколку дена бевме сведоци на скандал во Судскиот совет.

Имено, претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, спротивно на процедурите, на Уставот, на законите и Деловникот на Судскиот совет, беше разрешена од нејзиниот заменик Селим Адеми.

Само за потсетување, довербата денес е 3 проценти, односно 97 процентна недоверба во судството во целост.

Токму поради ваквите меѓупартиски и меѓукоалициски препукувања и пазарења, но и поради грубата партизација на судството во целост која што ја врши власта во овие 6-7 години, довербата на граѓаните е катастрофална и на рекордно најниско ниво досега во историјата на Репулбика Македонија.

Веќе години наназад апелираме и алармираме да се престане со поставување на партиски кадри на високи позиции во македонското судство и во сите останати државни институции. Но власта продолжува по свое, иако токму на сето ова се должи оваа комплетна анархија во нашиот систем.

Проблемите во судството се решаваат со дијалог, реформи и одговорност. Не се решаваат со молчење и криење на проблемите под тепих. Во спротивно, се случуваат и ќе продолжат да се случуваат вакви или слични состојби кои никако не се европски вредности и патот кој ќе не одведе во Европската Унија.

За крај, во секоја нормална, демократска и европска држава за вакви состојби прва ви требало да регира власта. Ова е доказ дека ние немаме демократска, европска и капацитетна власт, подготвена за решавање на секој проблем.

Ова е доказ дека власта во оваа држава е проблем, а не решение.

Уште еднаш, апелираме оваа Информација да биде ставена на дневен ред на првата следна и веќе закажана пленарна седница на 10-ти мај.

Власта е на потег.

 

Дафина Стојаноска, заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан