• петок, 22 ноември 2024

Стојанов: Процесот на модернизација на бугарската армија оди многу бавно

Стојанов: Процесот на модернизација на бугарската армија оди многу бавно

Софија, 6 мај 2023 (МИА) - Процесот на модернизација на бугарската армија оди многу бавно, 30 години армијата е потценета, изјави за БТВ вршителот на должноста министер за одбрана Димитар Стојанов по повод Денот на храброста и празник на бугарската армија, пренесе БТА. 

Стојанов изрази надеж дека ќе се донесе политичка одлука за модернизација на армијата, со оглед на тоа што се случува на неколку стотици километри од Бугарија.

- Раководството на Министерството за одбрана не чека, го започнавме процесот на модернизација. Очекуваме до крајот на годината да бидат потпишани три договори - два со копнените сили и еден за нашето воздухопловство, рече Стојанов.

Според него, за поморските сили ќе се склучат договори за помалку од 100 милиони лева. 

- Подигната е довербата со која го дочекуваме празникот, како резултат на сработеното во последната година. Бугарската армија продолжува да учествува во операциите на Европската унија и НАТО. Добро сме примени од нашите сојузници и партнери. Бугарскиот воен персонал се покажа како способен и упатен, додаде тој. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан