• среда, 24 јули 2024

Стојанов: Повторно пожар во Гоцева шума, постои сомнеж дека некој намерно ги пали боровите дрвца

Стојанов: Повторно пожар во Гоцева шума, постои сомнеж дека некој намерно ги пали боровите дрвца

Неготино, 30 јули 2023 (МИА) - Повторно има пожар во Гоцева шума кај Неготино. Постои сомнеж дека некој намерно ги пали боровите дрвца, изјави попладнево за МИА неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Оваа спомен шума гореше и вчера, а на терен гаснеа неготински и кавадаречки пожарникари, по што беше ставен под контрола. 

Стојанов апелираше на совесност и внимателност во услови на високи температури, особено да се внимава при фрлање на отпушоци од цигари и при работа на земјоделски имоти. 

Спомен шумата беше подигната во 1972 година, во чест на 100 години од раѓањето на Гоце Делчев.свд/бт/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан