• недела, 22 декември 2024

Стојановски: Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг

Стојановски: Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) – Проблемот со јавниот градски превоз во Скопје и малиот број на автобуси кои сообраќаат низ градот е поради недостигот на гориво. Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг, вели за МИА Миќо Стојановски од ССМ ЈСП Скопје.

-Причина за тоа е меѓусебниот однос меѓу градоначалничката Данела Арсовска, претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески и Советот на Град Скопје и одлуките кои ги носат. Имаше најава од Град Скопје дека ќе се нормализира дотурот на нафта за ЈСП, но тоа не се случува. Проблеми со нафта има и ЈП „Комунална хигиена“ Скопје поради што само дел од камионите собираат смет. Затоа сите синдикати на јавните градски претпријатија планираме од понеделник да одржиме заеднички состанок на кој ќе одлучиме какви мерки ќе преземеме, изјави Стојановски за МИА. вј/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан