• вторник, 23 јули 2024

Стопански Двор и село Буковиќ без вода

Стопански Двор и село Буковиќ без вода

Скопје, 1 јуни 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на цевка со пречник од 125 милиметри во горниот дел на селото Копаница од 17:00 часот прекинато водоснабдување имаат корисниците од село Буковиќ. 

Како што информираат од ЈП „Водоводи и канализација – Скопје, на санирање на дефектот ќе се работи утре.

Оттаму посочуваат дека поради дефект на огрлица на улицата „51“ на потегот помеѓу бр.87 и бр.89 во Стопански Двор, од 17:00 часот прекинато водоснабдување имаат корисниците од улиците „49“ и „52“ во оваа населба. Тие ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан