• понеделник, 23 декември 2024

Столтенберг го покани Зеленски на самитот на НАТО во јули во Литванија

Столтенберг го покани Зеленски на самитот на НАТО во јули во Литванија

Брисел, 4 април 2023 (МИА) – Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг,  денеска го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на НАТО во јули во Вилнус, Литванија, пренесе Бета.

По состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО на кој присуствуваше и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, генералниот секретар на Алијансата изјави дека „со нетрпение очекуваме да се сретнеме со г-дин Зеленски на нашиот самит во Вилнус во јули“.

На денешната средба во Брисел пред седиштето на НАТО свечено беше кренато и знамето на Финска, која денеска на годишнината од основањето на НАТО, 4 април 1949 година, стана 31. членка на Алијансата. сд/

Остани поврзан