• недела, 22 декември 2024

Јубилеен 150-ти број на ревијата „Стожер“ на Друштвото на писателите на Македонија

Јубилеен 150-ти број на ревијата „Стожер“ на Друштвото на писателите на Македонија

Скопје, 5 ноември 2023 (МИА) - Излезе најновиот број на ревијата „Стожер“ на Друштвото на писателите на Македонија за оваа година. Фокусот е ставен на одбележувањето на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, на Струшките вечери на поезијата 2023 и на чествувањето на 150 број на ревијата со пригоден текст од главниот уредник Славчо Ковилоски.

Посебен осврт е даден и на зачленувањето на ДПМ во Европскиот писателски совет за што свое видување понудува Стефан Марковски.

Со книжевно-историски студии се застапени Илија Велев и Мишо Китаноски, а конечно е објавен неиздадениот разговор на Томислав Тодоровски со Гане Тодоровски направен во Охрид, 1987 година. 

Понатаму, Кристина Николовска во студија пишува за најновиот роман на Венко Андоновски, Христо Петрески се осврнува на значењето на ДПМ и ревијата „Стожер“, а со есеј е застапен Ерол Туфан.

Со приказ на книга е застапена Билјана Рајчинова-Николова, а претставен е и новиот член на ДПМ, Ахмет Селмани. 

Исто така, презентирани се наградените дела од манифестацијата „Празник на липите“ Славица Дабевска Ќировска, Трајче Кацаров и Михајло Свидерски.

Со поетски прилози се застапени Елена Пренџова, Горан Тренчовски, Никола Илијовски, Маја Мојсова, Наде Поп Гаврилова. Во делот на прозата свое место во ревијата наоѓаат расказите на Нове Младеновски, Станка Бајлозова Барламова и Горан Петревски. Со препеви се застапени Поли Муканова, Видам М. Масларовиќ, Селма Асотиќ и Мехмет Ариф. 

Бидејќи бројот е работен и подготвуван во периодот август-септември, во него не се сместени настаните и полемиките коишто произлегоа од настаните по оставките во ДПМ од октомври, информираат од Друштвото на писателите на Македонија. ев/

ФОТО: ДПМ 

Остани поврзан