• сабота, 23 ноември 2024

Стоев ги претстави приоритетите на бугарската надворешна политика пред дипломатскиот кор

Стоев ги претстави приоритетите на бугарската надворешна политика пред дипломатскиот кор
Софија, 10 јуни 2021 (МИА) - Шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев денеска ги презентираше надворешно-политичките приоритети на Бугарија пред дипломатскиот кор и им се заблагодари на претставниците на 83 земји и меѓународните организации за нивните напори и придонес кон продлабочување на соработката со Бугарија во сите области од заеднички интерес, јави БТА. - Би сакал уште еднаш да го истакнам мотото на привремената Влада - интегритет, транспарентност и континуитет, за мене, како дипломат од кариера, континуитетот има клучна улога во надворешната политика, истакна Стоев. Во својот говор, Стоев ги посочи двата главни приоритети во неговата работа како министер за надворешни работи - организација на избори во странство и реализација на надворешно-политичките цели, кои остануваат непроменети. Меѓу нив тој посочи на заштита на бугарските национални интереси и унапредување на мирот, стабилноста, безбедноста, човековите права, демократијата и просперитетот на регионално и глобално ниво. Тој истакна дека главните приоритети на Бугарија во надворешната политика остануваат приемот во еврозоната и Шенген зоната, пристапувањето на нашата земја во Организацијата за економска соработка и развој и европската интеграција на земјите од Западен Балкан. - Бугарија е и ќе продолжи да биде еден од најсилните поддржувачи на процесот на проширување, како што веќе покажавме за време на бугарското претседателствување со Советот на ЕУ и за време на заедничко претседателство со Република Северна Македонија со Берлинскиот процес во 2020 година, наведе Стоев. Тој посочи дека бугарската поддршка за земјите од Западен Балкан е конзистентна и се заснова на клучни принципи за следење на критериумот за индивидуалните достигнувања на секоја земја-кандидат и исполнувањето на релевантните критериуми. Тој додаде дека во изминатите години Бугарија била загрижена поради реализацијата на билатералниот договор од 2017 година. Бугарскиот министер за надворешни работи наведе дека Бугарија ќе продолжи да биде активен, сигурен и предвидлив партнер во Европска Унија и НАТО. Тој се осврна и на претстојниот Самит во Софија во рамките на бугарското претседателство со Иницијативата за три мориња, истакнувајќи дека спроведувањето на стратешките прекугранични и регионални проекти во рамките на Иницијативата се од клучно значење за целиот регион. Стоев за односите со Русија посочи дека „Бугарија е водена од нејзините национални интереси и меѓународните обврски и обврски што произлегуваат од членство во ЕУ и НАТО“. Тој истакна дека билатералната соработка може да се подобри врз основа на рамноправен политички дијалог. Стоев се осврна и на традиционалните пријателските односи на Бугарија со земјите од Блиски Исток и Африка, засновани на меѓусебно почитување, добра билатерална соработка и односи меѓу народот. Во врска со израелско-палестинскиот конфликт, тој рече дека дипломатијата е најдобриот начин да се постигне мир. ми/

Остани поврзан