• недела, 17 ноември 2024

Стогодишнината од формирањето на ФИДЕ одбележано во Скопје

Стогодишнината од формирањето на ФИДЕ одбележано во Скопје

 

Скопје, 16 јуни 2024 (МИА) – Под мотото „100 години шах – вистинскиот потег е со Уни Банка“, македонската Шаховска федерација ја одбележа во Скопје стогодишнината од формирањето на Светската шаховска федерација (ФИДЕ),

.Меѓу бројните гости и љубители на шахот на саботниот хепенинг во Градскиот парк беа британскиот шаховски велемајстор и директор за развој на шахот на ФИДЕ, Најџел Шорт, како и бугарските велемајстори Антоинета Стефанова и Петар Арнаудов.

Поздравувајќи ги присутните во име на ФИДЕ, Шорт го изрази своето задоволство што Скопје се приклучува на одбележувањето на годишнината што се одржува низ светот.

Шорт напомена дека доаѓа во Македонија по подолга пауза, откако пред години учествуваше на шаховски турнир во Охрид.

Меѓу присутните беше и поранешниот македонски ракометен репрезентативен голман Борко Ристовски кој одигра партија шах со велемајсторката Стефанова.

Македонската Шаховската федерација е членка на ФИДЕ од 1991 година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан